Сервис и поддршка


Корисничка поддршка

Кориснички профил

Вработените при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип имаат свој личен кориснички профил (акаунт) со кој може да се најават на компјутерите достапни на кампусите во склоп на Универзитетот како и во компјутерските лабаратории. За најава на компјутер секој од вработените користи единствено корисничко име и лозинка. Корисничкото име гласи“име.презиме” и лозинка по свој сопствен избор. Секој вработен има своја картичка (легитимација за вработен) која служи за евиденција на работното време и најавување на компјутерската мрежа. Најавувањето е со вметнување на картичката во читачот за картички и внесување на пин кој е автоматски генериран од страна на софтверот.Компјутерите мора да бидат поврзани во мрежата на УГД за да може да се изврши најавувањето.

Постапката за најавување на компјутер на УГД мрежата е следна:

Постапка за најава

Со притискање на трите копчиња, се појавува форма каде што стојат полиња со User Name и Password. Во User Nameполето го внесувате Вашето корисничко име (име.презиме), а во полето Password Вашата лозинка. После тоа притискате Enter и чекате додека Вашиот профил не се вчита. На некои компјутери не е дозволена најава со корисничко име и презиме, туку само со легитимација за вработен или студент. Во тој случај ја вметнувате Вашата картичка во читачот за електронски картички. Откако читачот ќе ја детектира легитимацијата за вработен, го внесувате пинот и чекате додека да се вчита Вашиот кориснички профил.

Корисничкиот профил на вработените се состои од повеќе датотеки во кои се складирани нивни службени и лични податоци (документи) кои редовно се синхронизираат со серверите на УГД, со што се врши редовно снимање на сигурносна копија и архивирање на податоците во системот. На овој начин се гарантира постојана можност за реконструирање на личните податоци и документи во состојбата во која биле пред да бидат изгубени или уништени. Во овој тип на податоци спаѓаат сите фајлови што се наоѓаат на работната површина (desktop), односно се што се наоѓа на C: партицијата. На D: партицијата не се врши резерно снимање на податоци, и токму затоа се препорачува да се користи за складирање на не многу битни фајлови од типот на музика, видео, слики и други приватни документи.

Електронска меил сервис - прифатена корисничка политика

Општи принципи

Електронската пошта (е-маил) на УГД е предвидена за поддршка на образованието, личната и научна комуникација, администрација и други УГД бизниси. Секој што користи е-маил треба да внимава на потребите на другите и да биде сигурен дека не го попречува користењето на е-маил услугите од страна на другите. Корисниците треба да ги почитуваат чувствата на другите и да бидат свесни дека секоја порака може да се редистрибуира до некој друг многу лесно. Покрај тоа, сите електронски пораки мора да го содржат името и електронската маил адреса на лицето кое дава информации. Анонимни пораки и информации не би требало да се праќаат.

Е-маил пристап е предвиден за сите студенти и вработени на Универзитетот. За студентите е-маил пристапот останува активен две години по нивното завршување на факултет. За вработените меил услугите важат додека им трае работниот однос со Универзитетот. Исклучоци се направени за вработени кои се пензионираат од универзитетот. Нивниот пристап се продолжува за интервал уште една година. Тие ќе бидат поставувани на годишно ниво, ако тие би сакале да продолжат со користење на маил услуги.

Е-маил ПРИВАТНОСТ

Електронските меил пораки се сметаат за приватна конверзација. Како такви на пораките се гледа како приватна сопственост на примачот и нема да бидат ставени на располагање на другите членови на Универзитетската заедница, без согласност од сопствениците. Иако приватноста и безбедноста се од најголема важност, Универзитетските администратори може да пристапат до пораките под некои околности.

Тие вклучуваат:

  • Усогласеност со државните информации од јавен карактер и со законите;
  • Одржување, поправка и надгледување на компјутерската мрежа;
  • Испитување на злоупотреба врз мрежата, како што се кражба, кршење на авторските права, коцкање, порнографија, како и малтретирање, откако е нагласено од страна на Универзитетот за некој корисник

Прифатлив начин на употреба на Универзитетскиот меил

Универзитетскиот меил може да се користи за следново:

  • Извршување на образовни/универзитетски дејности и комуникација со сите пријатели, роднини, студенти и соработници на локално ниво и надвор од Универзитетот;
  • Комуницирање со домашни и странски професори (воспитувачи), студенти, истражувачи и колеги во врска со настава или истражување.

Неприфатлив начин на употреба на универзитетскиот меил

Универзитетскиот меил не може да се користи:

  • За ангажирање или промовирање на приватни комерцијални и деловни цели со прекршување на правилата на Универзитетската политика:
  • За испраќање на верижни (spam) писма, или било какви илегални шеми и активности;
  • За испраќање меил до голем број на луѓе кој содржи несакани информации. Овие пораки често се нарекуваат “спам”. Универзитетот обезбедува редовни информации за ваквиот вид на електронски пораки, преку испраќање на информативен билтен до сите вработени од официјалниот меил на Универзитетот;
  • За стартување на е-маил напад (e-mail attack) кој резултира со одбивање на услугата на корисниците на електронската пошта;
  • За испраќање на пораки кои претставуваат нелегални активности, вознемирување или кршење на правата на другите;
  • За испраќање на анонимна електронска пошта, или писма кои имитираат друг корисник;
  • За да се воведе компјутерски вирус;
  • За да се прекршуваат ограничувањата за комуникации наметнати од било какви лиценцирани или професионални асоцијации на кои корисникот припаѓа.

Спроведување на политиката

Секој корисник, кој е ангажиран во активности кои се забранети од страна на главниот ИТ Администратор, може да го изгуби пристапот до е-маил сервисот и да очекува средба со главниот ИТ администратор. Известувањето за губење на пристап мора да биде пропратено со писмено објаснување. Ако прашањето не се реши во текот на состанокот со Администраторот, дополнителна жалба би била неопходна за да се поврати е-маил пристапот. Во случај на студентите, во канцеларијата на шефот на студентски прашања ќе се утврдат соодветни мерки, вклучувајќи упатување кон универзитетскиот судски систем.

Препораки за користење на е-маил услуги

  1. Препорачливо е комуникацијата на доверливи информации или лични податоци да биде ограничена колку што е можно повеќе.
  2. Доколку ненамерно пристапете до информации кои не се од јавен карактер, веднаш отстапете од истите.
  3. Се препорачува корисниците да не чуваат лични информации за други лица во своите датотеки.
  4. Фајлови кои се сметаат за лични или доверливи треба да се чуваат на персоналниот компјутер на сопствениците, да бидат заштитени со лозинка и отстранети од Универзитетската мрежа.
  5. Препорачливо е корисниците да ја одржуваат доверливоста на нивниот меил и лозинката.

Промена и ресетирање на лозинка и пин

Со креирање на кориснички профил, било на вработените или на студентите, постои стандардна лозинка за најава на нивниот кориснички профил. Оваа стандардна лозинка е потребно задолжително да се промени при првата најава на профилот. Новата лозинка мора да биде составена од големи и мали букви, броеви и специјални знаци.

Доколку постои било каков проблем при најавувањето на профилот, со претходно правилно внесување на горенаведените параметри, тогаш постапката за решавање на проблемот е следната:

  • Студентите кои имаат проблем при најава на било која од студентските апликации (е индекс, е пошта, е учење2, е инфо) треба да пратат меил до support@ugd.edu.mk
  • Вработените исто така треба да пратат меил до support@ugd.edu.mk

Доколку имате проблем со Вашата легитимација за вработен или студент или ја имате блокирано со погрешно внесување на пинот неколку пати, изгубено или оштетено, потребно е лично да се обратете до вработените во ИТ секторот за решавање на проблемот.