Безжична мрежа (Wireless)

Безжична мрежа (Wireless)

Автоматско конфигурирање за Windows 7/8/8.1/10

Сликите и чекорите во постапката се според Windows 10, но истите се многу слични (или исти) на Windows 7/8/8.1.

1. Преземете ја апликацијата UGD-eduroam.exe и снимете ја на Вашиот компјутер;

2. Стартувајте ја апликацијата како администратор (кликнете со десно копче на неа и изберете Run as administrator). Кликнете Yes на предупредувањето од User Account Control (доколку се појави);

Ако не сте администратор на компјутерот, стартувајте ја апликацијата со двоен клик, како обичен корисник и кликнете Yes на предупредувањето за инсталација на сертификат. На овој начин eduroam ќе работи само на Вашиот кориснички профил.

 

3. Од листата на достапни на безжични мрежи изберете ја eduroam и внесете ги Вашето корисничко име (пр. janko.jankov@ugd.edu.mk или janko.1234@student.ugd.edu.mk) и лозинка за да се поврзете.

Мануелно конфигурирање за Windows 7/8/8.1/10

Сликите и чекорите во постапката се според Windows 10, но истите се многу слични (или исти) на Windows 7/8/8.1.
За рачно да ја конфигурирате eduroam, потребно е да ги извршите следниве чекори:

1. Инсталирајте го коренскиот сертификат на УГД според постапката подолу.

2. Од Control Panel отворете го Network and Sharing Center (или View network status and tasks).

3. Кликнете на Set up a new connection or network.

4. Изберете Manually connect to a wireless network.

5. Кај Network name внесете eduroam, а во Security type изберете WPA2-Enterprise и кликнете Next:

 

6. Изберете Change connection settings, за мануелно да ја конфигурирате eduroam конекцијата;

7. Изберете го табот Security и отворете ги Advanced settings

8. Вклучете го Specify authentication mode и од паѓачкото мени изберете User authentication. Можете да ги снимите вашите корисничко име и лозинка со кликнување на Save credentials. Кликнете ОК.

9. Кликнете на Settings.

10. Внесете ги RADIUS серверите на УГД (TURTEL1.ugd.edu.mk и TURTEL2.ugd.edu.mk) и изберете го коренскиот сертификат на УГД (UGD Root Certificate Authority) како на сликата.

 

11. Кликнете Configure и исклучете го Automatically use my Windows logon name and password.

 

12. Затворете ги сите прозори со клик на OK.

13. Од листата на достапни на безжични мрежи изберете ја eduroam и внесете ги Вашето корисничко име (пр. janko.jankov@ugd.edu.mk или janko.1234@student.ugd.edu.mk) и лозинка за да се поврзете.

iPhone/iPad

1. Изберете Settings и кликнете на Wi-Fi;

 

2. Од листата со достапни мрежи изберете ја eduroam;

 

3. Внесете ги Вашето корисничко име (пр. janko.jankov@ugd.edu.mk или janko.1234@student.ugd.edu.mk) и лозинка за да се поврзете со кликнување на Join;

 

 

4. Кликнете Trust за да го прифатите RADIUS серверот на УГД.

 

 

5. По ова Вашиот телефон/таблет ќе се поврзи на eduroam;


Android

1. Изберете Settings и кликнете на Wii;

2. Од листата со достапни мрежи изберете ја eduroam;

3. Проверете дали како EAP Method е избрано ПЕАП. Во полето Phase 2 authentication изберете MSCHAPV2;

4. Внесете ги Вашето корисничко име во полето Identity (пр. janko.jankov@ugd.edu.mk или janko.1234@student.ugd.edu.mk) и лозинка во полето Enter password за да се поврзете со кликнување на Connect;

 

5. По ова Вашиот телефон/таблет ќе се поврзи на eduroam.

Инсталирање на коренскиот сертификат на УГД на Windows 7/8/8.1/10

Сликите и чекорите во постапката се според Windows 10, но истите се многу слични (или исти) на Windows 7/8/8.1.

1. Преземете го коренскиот сертификат на УГД од овде и отворете го;

2. Инсталирајте го со кликнување на Install Certificate;

 

3. Изберете да биде инсталиран во сертификатите за компјутерот (Local Machine) и кликнете Next. (Доколку користете Windows 7 овој чекор не е достапен и сертификатот ќе биде инсталиран во сертификатите на корисничкиот профил. Како да го инсталирате сертификатот во сертификатите за компјутерот прочитајте овде.)

 

 

4. Изберете Place all certificates in the following store и кликнете Browse;

 

5. Изберете го Trusted Root Certification Authorities и кликнете OK;

6. Кликнете Next и на следниот екран кликнете Finish;