УГД Мрежа

УГД Мрежа

Општо за мрежата и нејзиното користење

Мрежата на Универзитет „Гоце Делчев” во Штип, ги поврзува компјутерите од сите кампуси кои се наоѓаат во Штип, како и останатите компјутери во другите градови во Македонија каде што УГД има свои кампуси. Со разгледување на мрежата на УГД и Интернетот надвор од неа, ќе откриете многу предности и поволности од мрежното поврзување. Ова мрежно поврзување (конекција) бара да се разберат правата и обврските на електронскиот корисник, со цел да се заштити интегритетот на системот како и приватноста на другите корисници.

Со цел поддршка и подобрување на образовната мисија на Универзитетот „Гоце Делчев”, факултетите, вработените и студентите имаат пристап до компјутерскиот систем на Универзитетот, а со тоа и до предностите кој тој ги нуди. Студентските компјутери исто така имаат пристап до мрежата (lan и wireless) на Универзитетот. Постојат исклучоци, каде што на одредени поединци (надвор од Универзитетот) им е дозволен мрежен пристап од страна на главниот ИТ Администратор, кои можат да ги користат компјутерските ресурси кои се достапни на Универзитетот „Гоце Делчев” или на персонални уреди. Од сите овие лица, познати како “корисници” на компјутерските ресурси на Универзитетот, се очекува да се однесуваат одговорно, етички и законски. Пристапот овозможен на корисниците е предмет на сите Универзитетски политики, државни и локални закони и наредби. Користењето на ресурсите на Универзитетот и на сите компоненти на мрежата е привилегија, а не право, и е поврзан со членство во заедницата на Универзитетот. Мрежата на УГД и нејзините компоненти вклучуваат: Универзитетски сопствени компјутери, компјутерски акаунти, мрежни порти, безжични (access points), мрежни принтери, скенери, електронска пошта, податоци и компјутерски лабаратории. Сите компоненти поврзани на мрежата на УГД се во сопственост на Универзитетот „Гоце Делчев”.

Следниве правила за употреба се наменети да Ви помогнат при користење на компјутерите на УГД и мрежните средства одговорно, законски и безбедно. Сите корисници на Универзитетот се обврзани и одговорни да се придружуваат кон овие политики и процедури. Прекршувањето на овие политики, што резултира со несоодветно или неприфатливо користење на универзитетските компјутерски ресурси, е предмет на дисциплински мерки како што е дефинирано (но не ограничено) во Универзитетскиот прирачник, кадровската политика и сите УГД административни или одделенски политики. Прекршоците кои можат да претставуваат кривично дело или наводно кривично дело, исто така, ќе резултираат со истрага во склоп на државните закони.

Доколку корисниците забележат неправилности во компјутерските закони и политики, како и потенцијални дупки во безбедноста на компјутерската мрежа, тие се должни веднаш да го известат ИТ Центарот при Универзитетот. ИТ Центарот ќе биде одговорен за применување, ревизија и спроведување на прифатливо користење на политиката на Универзитетот. Корисникот има одговорност да соработува со ИТ Центарот, и со сите други поврзани административни или академски одделенија, во своето работење на компјутерската мрежа и при испитување на сите пријавени неправилности и злоупотреби.

Ве молиме контактирајте со ИТ Центарот на телефон: 032 550 800, или е-маил: support@ugd.edu.mk ако имате било какви прашања во врска со оваа политика, или ако сакате да пријавите било какви прекршувања поврзани со оваа политика.

ИТ Центарот е одговорен за зачувување на интегритетот на Универзитетската мрежа, и ги вложува сите напори за правилно спроведување на политиката. Универзитетот отфрла било каква одговорност и/или гаранција за податоци, информации и материјали кои се наоѓаат на не-универзитетски системи или се добиени по пат на Интернет. Овој прекин може да доведе до губење на податоци, датотеки и софтвер. Со цел да се намали ризикот од губење на податоци, корисниците треба често да прават “back up” на податоците при нивната работа. УГД не е одговорен за евентуално губење на податоци, штета, прекини во работата или неуспех во извршување на работата.

Правила на употреба:

Обезбедување на фер пристап до заедничките ресурси

Важно е да се биде внимателен при користењето на заедничките ресурси. Корисниците треба да избегнуваат неправилна употреба на компјутерите, мрежно прептоварување, или залудно оставање вклучен компјутер. Кога станува збор за заедничките ресурси всушност се мисли на: времето на конектирање, просторот на дискот, хартијата за принтање, персоналот за поддршка и други компјутерски ресурси.

Внатрешна УГД мрежа

Поглед на внатрешната УГД Мрежа

Целта на Универзитетската мрежа е поддршка на истражувањата, образованието, услугите и административните активности со обезбедување на пристап до компјутерски ресурси и можност за заедничка работа. Универзитетот исто така дозволува користење на мрежата од страна на студентите. Сите употреби на мрежата на УГД мораат да бидат во согласност со оваа цел и мисијата на Универзитетот. Мрежата не смее да се користи за пренос или дистрибуција на заканувачка, неприлична или малтретирачка комуникација во било каква форма.

Одржување на доверливоста на Вашите лозинки

Вашето корисничко име (акаунт) Ве идентификува кон целата Интернет корисничка заедница. Секој што го знае Вашето корисничко име и лозинка може да пристапи до службениот меил, е – учење и е – индекс и да го загрози Вашиот он-лајн идентитет. Ако Вашето корисничко име или Вашиот компјутер биде користен на несоодветен начин, лицето кое е задолжено со истиот, ќе биде одговорно.

Авторски права

Закон за управување со авторски права и материјали

Многу програми, слики, песни, текст и слични материјали се во сопственост на индивидуални корисници или трети лица, и се заштитени со авторски права и други закони, дозволи и договорни спогодби. Корисниците мора да се придружуваат до овие ограничувања, бидејќо во спротивно се работи за кривично дело.

ЗАБЕЛЕШКА: Универзитетот ќе соработува според законите, за да ги заштити правата на сопствеништво на оригиналниот создавач на дигитални содржини. Ова може да резултира со гонење или парични казни за оние кои ги кршат овие закони.

Согласност со законите со кои се регулира приватноста на корисниците

Овој систем е за користење само за овластените корисници. Било кој што ќе го користи овој систем, јасно се согласува дека неговата употреба на системот е следена и снимена од страна на системскиот персонал. Доколку таквиот мониторинг открие можни докази од криминална активност, системскиот персонал може да обезбеди докази и да ги достави до органите задолжени за тоа. Корисниците треба да бидат сигурни дека нивната употреба на Универзитетската мрежа и другите компјутерски системи, не ја повредуваат и нарушуваат приватноста на другите корисници, дури и ненамерно.

Поточно:

  • Не се обидувајте да пристапите до датотеки или директориуми на друг корисник, без јасна дозвола од тој корисник. Обично, ова овластување се сигнализира до другите корисници со поставување на дозволи за пристап на одредена датотека за да се овозможи јавен или групен пристап до датотеките. Ако сте Во дилема, прашајте.

  • Не се обидувајте да го пресретнете или на друг начин следите мрежниот сообраќај што не е наменет за Вас. Мрежниот сообраќај вклучува електронска пошта, разговор помеѓу корисници, како и самата лозинка на корисниците.

  • Не користете систем за чување и дистрибуирање на лични поединци, кои не би го користеле за Вас самите.

  • Не креирајте програми кои тајно собираат информации за корисниците. Софтверот на Универзитетот е предмет на истите насоки за заштита како и секој друг проект за собирање на информации во рамките на Универзитетот. Ова значи на пример, дека не смее да се прибираат информации за индивидуалните корисници без нивна согласност.

Уверете се дека Вие сте Вие

Намерно Ваше лажно прикажување како друга личност не е дозволено на УГД мрежата или во било која друга електронска комуникација помеѓу договорните страни.

Етичка употреба на е-маил

Етичка употреба на Вашите е-маил привилегии

Упатството за употреба на е-маил не се базира само на бонтон. Е-маил пратен со намера за попречување на комуникација или други системски услуги не е дозволено. Зголемувањето на бројот на верижни електронски навредувачки писма е навреда кон е-маил системот и мрежата и може да резултира со одбивање на услугата. Верижни писма, или масовни меил дистрибуции губат вредни компјутерски ресурси, и се сметаат за малтретирање. Корисниците може да ги изгубат своите мрежни привилегии со креирање или препраќање на верижни писма.

Согласност со законите кои управуваат со злоупотреба на е-маил

Злоупотреба или вознемирување е било какво вербално или физичко однесување, во или надвор од УГД, кое има за цел создавање на застрашувачка, непријателска или навредувачка средина. Малтретирање врз основа на раса, боја, пол, хендикеп, вера, национално потекло, сексуална ориентација, возраст или малтретирање на поединец во однос на стереопитна карактеристика, или припадност на тоа лице во одредена група. Во дефиницијата за малтретирање спаѓа и сексуално вознемирување, барања за сексуални услуги и создавање на непријателско опкружување за таа личност. Испраќање на несакани или навредувачки мејлови или пораки може да претставува малтретирање. Вулгарноста нема да се толерира во внатрешноста на УГД мрежата. Секој корисник треба да го користи јазикот кој е својствен за примачот. Избегнувајте вулгарен или навредлив говор. Лични напади се неприфатливи за употреба во мрежата. За известување за он-лајн малтретирање, пратете е-маил до support@ugd.edu.mk.

Легално користење на системот

Користење на мрежата на УГД за нелегални или криминални цели, ќе резултира со моментална суспензија на Вашите привилегии на мрежата и компонентите прикачени на неа.

Користење на Универзитетската мрежа за сродни (поврзани) активности

Целта на Универзитетската мрежа е употреба и поддршка на Универзитетските активности.
Компјутерските ресурси не треба да се користат за комерцијални цели, за лична работа, или не-универзитетски поврзани активности.

Почитување на приватноста

Систем администраторите, секогаш кога е можно, ќе ја почитуваат Вашата приватност

Сите корисници треба да знаат дека систем администраторите прават периодични безбедносни проверки на Универзитетската мрежа и поврзаните компоненти. Е-маил –от на УГД мрежата е приватен и сигурен, но сепак, корисниците мора да знаат дека приватноста на Вашата е –маил пошта не може да се гарантира. Обидите да се чита е-маил поштата на друг корисник или други заштитени фајлови, ќе бидат третирани со најголема сериозност, и ќе бидат предмет на важечките политики. Систем администраторите нема да ја читаат Вашата пошта или датотеки, фајлови, освен ако апсолутно е неопходно да се стори тоа, но ќе бидат третирани како приватни информации. Постојат моменти кога поради формални жалби или службени работа се бара од Универзитетот да ги изврши сите потребни работи при истрага. Во случај кога формалната истрага или истражување бара од систем администраторот да пристапи до компјутерот, компјутерски датотеки или мрежата, информациите добиени во текот на истрагата вклучени во предметот ќе останат во целосна доверливост.
Кога за одреден корисник ќе се потврди дека ја злоупотребува мрежата или другите компјутерски ресурси, некои или сите негови привилегии на мрежата ќе бидат веднаш суспендирани со цел да се обезбеди сигурен сервис за остатоткот од Универзитетската заедница. Секој прекршок кој резултира со суспензија на некоја или сите привилегии, ќе се пренасочи кон соодветен орган за понатамошно разгледување и решавање. Индивидуата за оваа постапка ќе биде известена преку службениот маил. Доколку е соодветно, во истрагата може да бидат вклучени и државните органи.