За секторот
Сектор за ИКТ при УГД
Сектор за ИКТ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го планира, имплементира и одржува информатичкиот систем и компјутерската мрежа на Универзитетот, електронската пошта, системот за најавување и регистрирање на вработените и студентите, како и заштитата и складирањето на сите податоци.
Во склоп на овој сектор се формирани одделенија за:
- Системска и мрежна администрација.
- Средства и техничка поддршка.

Мисија
Секторот за ИКТ овозможува брза, сигурна и ефикасна дигитална комуникација и оперативна поддршка за сите корисници на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Стремежот на секторот е создавање дигитално интегриран универзитет во кој технологијата е во служба на знаењето и напредокот. Преку континуирана реализација на поставените цели, денес сме чекор поблиску до комплетна трансформација на Универзитетот во современа и високотехнолошка образовна институција.

Работен тим
Планирање и одржување на компјутерската мрежа.
Управување со Office365 и други електронски сервиси.
Управување со Датацентар на Универзитетот.
Заштита и складирање на податоци.
Ви треба помош?
Ако не ја пронајдете информацијата овде, ИТ Центарот е на располагање.
Контактирајте неsupport@ugd.edu.mk