За автоматско подесување на бежичната мрежа на УГД преземете ја апликацијата на следниот линк: https://cat.eduroam.org/?idp=5586 .
Апликацијата е за: Mac OS, Windows, Linux, Android, iOS...
Сликите и чекорите во постапката се според Windows 10, но истите се многу слични (или исти) на Windows 7/8/8.1.
За рачно да ја конфигурирате eduroam, потребно е да ги извршите следниве чекори:
1. Инсталирајте го коренскиот сертификат на УГД според постапката подолу.
2. Од Control Panel отворете го Network and Sharing Center (или View network status and tasks).
3. Кликнете на Set up a new connection or network.
4. Изберете Manually connect to a wireless network.
5. Кај Network name внесете eduroam, а во Security type изберете WPA2-Enterprise и кликнете Next:
6. Изберете Change connection settings, за мануелно да ја конфигурирате eduroam конекцијата;
7. Изберете го табот Security и отворете ги Advanced settings
8. Вклучете го Specify authentication mode и од паѓачкото мени изберете User authentication. Можете да ги снимите вашите корисничко име и лозинка со кликнување на Save credentials. Кликнете ОК.
9. Кликнете на Settings.
10. Внесете ги RADIUS серверите на УГД (TURTEL1.ugd.edu.mk и TURTEL2.ugd.edu.mk) и изберете го коренскиот сертификат на УГД (UGD Root Certificate Authority) како на сликата.
11. Кликнете Configure и исклучете го Automatically use my Windows logon name and password.
12. Затворете ги сите прозори со клик на OK.
13. Од листата на достапни на безжични мрежи изберете ја eduroam и внесете ги Вашето корисничко име (пр. janko.jankov@ugd.edu.mk или janko.1234@student.ugd.edu.mk) и лозинка за да се поврзете.
1. Изберете Settings и кликнете на Wi-Fi;
2. Од листата со достапни мрежи изберете ја eduroam;
3. Внесете ги Вашето корисничко име (пр. janko.jankov@ugd.edu.mk или janko.1234@student.ugd.edu.mk) и лозинка за да се поврзете со кликнување на Join;
4. Кликнете Trust за да го прифатите RADIUS серверот на УГД.
5. По ова Вашиот телефон/таблет ќе се поврзи на eduroam;
1. Изберете Settings и кликнете на Wii;
2. Од листата со достапни мрежи изберете ја eduroam;
3. Проверете дали како EAP Method е избрано ПЕАП. Во полето Phase 2 authentication изберете MSCHAPV2;
4. Внесете ги Вашето корисничко име во полето Identity (пр. janko.jankov@ugd.edu.mk или janko.1234@student.ugd.edu.mk) и лозинка во полето Enter password за да се поврзете со кликнување на Connect;
5. По ова Вашиот телефон/таблет ќе се поврзи на eduroam.
Сликите и чекорите во постапката се според Windows 10, но истите се многу слични (или исти) на Windows 7/8/8.1.
1. Преземете го коренскиот сертификат на УГД од овде и отворете го;
2. Инсталирајте го со кликнување на Install Certificate;
3. Изберете да биде инсталиран во сертификатите за компјутерот (Local Machine) и кликнете Next. (Доколку користете Windows 7 овој чекор не е достапен и сертификатот ќе биде инсталиран во сертификатите на корисничкиот профил. Како да го инсталирате сертификатот во сертификатите за компјутерот прочитајте овде.)
4. Изберете Place all certificates in the following store и кликнете Browse;
5. Изберете го Trusted Root Certification Authorities и кликнете OK;
6. Кликнете Next и на следниот екран кликнете Finish;