Упатство за користење на проектор Acer 5260i/5271i

Упатство за поврзување со проектор

Acer 5260i / 5271i

Чекор 1)

Вклучете го проекторот со далечинскиот управувач и почекајте да се појави слика.

Чекор 2)

2.1. Обратете внимание на името на проекторот!

Во примерот на сликата името на проекторот е:

AcerProjector6

2.2. При секое вклучување проекторот генерира нов идентификациски код

Во примерот на сликата идентификацискиот код е:

Projector ID: 9631

 

Чекор 3)

3.1. Кликнете на иконката за мрежно поврзување

3.2. Во листата на безжични мрежи побарајте ја и кликнете на мрежата:

AcerProjector6

Напомена: Проверете го името на проекторот кој сакате да го користете. Во овој пример проекторот е именуван какоAcerProjector6! Од листата на безжични мрежи побарајте го проекторот со идентично име и кликнете на него.

3.3. Кликнете на копчето Connect

Чекор 4)

4.1. Кликнете на Start копчето и потоа

4.2. Кликнете на All Programs

4.3. Пронајдете ја и кликнете на папката Acer

Кликнете на соодветниот модел на проектор кој ќе го користете.

Напомена: Папката Acer ќе се појави само по извршена инсталација на софтверот за проектори!!

 

 
Acer Projector P5260i Acer Projector P5271i

Чекор 5)

Откако во претходниот чекор го избравте соодветниот проектор на дисплејот ќе се појави формаприкажана на следнава слика:

5.1. Внесете го идентификацискиот код во полето до:

ProjectorID or Supervisor Password: 9631

Напомена: Во примерот е внесен идентификацискиот код 9631 кој може да се види од почетната слика на проекторот дадена во чекор 2).

5.2. Кликнете на копчето ОК

Чекор 6)

По соодветниот избор на екранот ќе се појави нотификација за приспособување на дисплејот.

6.1. Кликнете на копчето ОК

По завршувањето на проекцијата, софтверот може да се исклучи така што:

1) Кликнете на Х на прозорецот од софтверот за проектор;

2) За потврда дека сте сигурни дека сакате да го исклучите софтверот кликнете на копчето ОК.

НАПОМЕНА: Доколку изберете погрешен модел на проектор, софтверот, во чекор 3) ќе даде известување дека не е пронајден проектор.

Повторете ја постапката со избор на друг модел на проектор.